Знае ли министерот за надворешни работи Бујар Османи што значи хибриден напад или пред два дена оваа фраза ја искористи да го намали притисокот од јавноста за катастрофата од дипломатската операција што ја водеше лично тој по налог на Ковачевски и Пендаровски.
Во обид да најде алиби за својот неуспех Османи завчера обвини дека имало хибриден напад врз владата и затоа Македонија не почнува преговори со ЕУ.
Освен тоа што владата ја донесе Македонија во безизлезна ситуација без можност да ја поправи работата Османи очигледно воопшто не знае што зборува кога го користи терминот хибриден напад.
Според него хибридниот напад се манифестирал со телефонски јавување на членови на владината коалиција.
Во реалната теорија и практика на хибридниот напад Османи би бил прогласен за аматер или за човек што не знае што зборува.
Дали телефонски јавувања претставуваат хибриден напад ?
„Имаше луѓе од овде што се обидуваа, се јавуваа кај министри, кај политички партии, со лажни информации за да се обидат да ја нарушат оваа државна стратегија. Доколку се докаже дека тоа е дел од некоја поорганизирана шема за да се наруши државната позиција, тоа веќе покренува сосема друго прашање“, рече Бујар Османи, шеф на дипломатијата во „360 степени“
Што е хибриден напад ?
Хибридните напади се еден вид сајбер-напад каде што сторителот комбинира два или повеќе видови алатки за да го изврши нападот. Типичен хибриден напад е оној што спојува напад со речник и напад со брутална сила. Првиот ќе содржи список на потенцијално познати совпаѓања со акредитиви (листа на зборови).
Хибридните методи на војување – како пропаганда, измама, саботажа и други невоени тактики – долго време се користат за дестабилизација на противниците.
Она што го посочува Бујар Османи, а тоа се телефонски јавувања е најдалеку од дефиницијата за хибриден напад.
Дури и во дефиницијата за хибридното мешање кое се препознава во 3 пакети :
(1) тајна дипломатија;
(2) геоекономија; и
(3) дезинформација, ги нема елементите на она за што обвинува Бујар Османи.
Хибридното мешање или народски блиску до надворешна идеолошка субверзија е форма на активност насочена кон либералното општество со синхронизирана употреба на повеќе невоени средства за да се засилат поделбите во целното општество.
Ако ја анализираме изјавата на Бујар Османи може да констатираме дека нема елементи кои можат да влезат во категоријата на форма на хибриден напад.
* некој Х лице кој имал пристап до телефонските броеви на Х министри и до Х политички партии се јавувал и давал Y лажни информации – дезинформации со цел да се обиде да ја наруши Z државна стратегија кој во случајов никој не ја знае заради нетранспарентноста на преговарачкиот тим.
Од изјавата на Маричич пак дознаваме дека тие неофицијално воделе преговори и никогаш не добиле предлог од Французите, а прашање е дали воопшто некој во кабинетите на Маричиќ, Пендаровски и Бујар водел белешки, записници и стенограми како што тоа го правело Бугарското МНР.
Наместо Бујар Османи и владата секогаш кога се соочени со неуспех и без задршка да се расфрлаат со речникот на хибридни закани со цел да ја прикријат својата неспособност, треба да одговорат како дојдовме во позиција да одбиваме предлог кој никогаш не сме го добиле.
Предходно финтата со Хибриден напад ја користеше и пропагандниот тим на Зоран Заев кога беше фаќан како прави гафови од типот разговор со руски пранкери кои се претставуваат како шефови на НАТО и украински претседател.
Наместо хибриден напад врз власта во случајов имаме нечесен напад врз сите што реагираа против катастрофалниот француски договор кој на крајот го отфрли и премиерот Ковачевски, или Османи сакаше да го обвини и него за дел од хибридниот напад.
Не може секој кој не се согласува со нив да биде прогласуван за државен непријател измислувајќи непостоечки хибридни закани.
Обвинувањата на Османи имаат свој пандан во кривичниот законик. ,,Лажно обвинување” е еден од членовите со кои тој може да се соочи.
А Османи можел да отвори на страницата на ЕУ и пред да се срами во јавноста за незнаење да го види одличното видео за тоа што навистина значи хибриден напад.
https://youtube.com/shorts/Fi82_BFMObk?feature=share
Поврзана вест
Лупаше ли Бујар како ,,Максим по дивизија” или Оливер се подготвува да апси
По 48 часа од обвинувањето, владата го крие ,,хибридниот напаѓач” на францускиот предлог






