Кинеските научници се во можност да го зголемат производството на ориз со одгледување на растението во солена вода, а со тоа ќе се нахранат нови 200 милиони луѓе во светот.
Студијата беше спроведена од Центарот за развој и истражување во Кингдао, каде што научниците ангажирани во производството на ориз дојдоа до посакуваното тој да е отпорен на сол и алкали за животната средина. Во солената вода инаку ќе се одгледува 6,5 до 9,3 тони храна по хектар.
Резултатите беа подобри од очекувањата на научниците, зошто тие се надеваале дека ќе дојдат до бројка од околу 4,5 тони ориз по хектар.
Оризот наречен Јуан Ми, се одгледува со морска вода од Жолто Море. Морската вода е разредена и насочена кон оризовите полиња во близина на морето.
Треба да се напомене дека Кина покрива еден милион квадратни километри и е ненаселени земја.

„Во таа област може да се производат околу 50 милиони тони ориз, и да се нахранат околу 200 милиони луѓе“, изјави Јуан, научник кој е наречен „татко на хибридниот ориз“.
Првиот кинески хибрид ориз се одгледувал уште во 1974 година, а заедно со неговите колеги веќе неколку пати го собориле светскиот рекорд во неговиот принос. Тој верува дека, ако една десетина од областа со сличен тип на почвата се засади овој уникатен вид на ориз, Кина би можела да го зголеми производството за 20 проценти.





