Висок украински функционертврди дека на украинските сили им е наредено да се повлечат од Северодонецк, град во источна украина кој со недели е цел на бомбардирање додека руските сили се обидуваат да преземат целосна контрола врз регионот, јавува Би-Би-Си.
Повлекувањето на украинските војници значи дека целиот регион Луганск ќе помине под под руска контрола, со исклучок на градот Лисичанск.
Луганск, претежно рускојазичен регион во источна Украина, е клучен приоритет за претседателот Владимир Путин.
Заедно со регионот Доњецк го формира таканаречениот Донбас, голем индустриски регион кој е во центарот на сепаратистичкото движење поддржано од Русија од 2014 година.
Рускиот претседател тврди дека претежено руското население во Донбас се жртви на геноцид – клучен изговор за неговата воена инвазија на Украина.







