ВМРО-ДПМНЕ: Наместо повисоки плати – повисоки сметки за струја

Граѓаните ги очекува нов ценовен шок, а владата мува не ја лази за тоа што граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Како награда за граѓаните следува драстично зголемување на цената на струјата, реагира ВМРО-ДПМНЕ на најавеното покачување на цената на електричната енергија.



„Наместо за тендери за фамилијата Заеви изминативе години во РЕК Битола, државата требаше да врши ископ на јаглен и да произведува електрична енергија“, велат од партијата.

Цената за ваквото неодговорно однесување денес ќе го плаќаат граѓаните со енормно високите сметки за струја. И покрај најавеното покачување на цената на струјата, и покрај двоцифрената инфлација во државата, криминалната власт на СДСМ и ДУИ не ги покачува платите во јавниот сектор.

Владата на Ковачевски бега од своето ветување за линеарното зголемување на платите во јавниот сектор и за тоа се приморани вработените секојдневно да штрајкуваат. За повисоки плати има пари во државниот буџет. Нека се откаже владата од непродуктивни трошоци, нека се откаже од луксузирање и парите нека ги пренасочат кон граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите и барањата на вработените во јавниот сектор за зголемување на нивните плати. Власта нека се охрабри и нека го предложат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во ребаланс на Буџетот кој е во Собрание и нека ги зголемат платите за 2.806 денари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.