Бугарското вето веќе не е проблем. Разочарувањето е дека условите што ги постави Бугарија за дигање на ветото останатите 26 земји-членки на ЕУ ги прифатија како принцип – непочитување на македонскиот народ, непризнавање на македонскиот јазик, ставање на историјата како принцип за членство и мешање во внатрешните работи на суверена држава, пишува во редовната колумна на порталот „Сакам да Кажам“ новинарот Горан Михајловски.
Претседателот на Франција Емануел Макрон, во својство на претседавач со Унијата вели дека се „блиску до договор кој овозможува правда за бугарските барања и ќе продолжи да преговара со „северномакедонците“.
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји вели дека „ЕУ ги сфаќа сите бугарски грижи многу сериозно и сега тие се дел од преговарачкиот процес“.
Значи, ЕУ сериозно сфаќа дека Бугарија сака Македонците да станат Бугари.
Оваа Европска унија не е онаа Европска заедница за која мечтаевме пред 30 години, констатира Михајловски.
Оваа Европска унија не е Унијата во која како млади и наивни се вљубивме пред 20 години. Ова е Европска унија во која надвладеаја бугарски вредности, која ни кажува дека ако сакаме да ѝ се придружиме треба да нè снема…“







