„Професорката Фроса Пејоска се избори македонистиката да биде признаена како уникатна наука во Франција.“ – вели Биљана Стојановска во својата статија, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
Стојановска пишува: „Од суштинско значење е македонските студии/македонистиката да бидат препознаени (признати) како ‘дисциплина’ во време кога македонскиот идентитет (јазик, историја и култура) е загрозен, поради негирањето на неговото постоење.’ – истакнува проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро од Институтот за ориентални јазици и култури во Париз (ИНАЛКО).“
„Македонистиката и официјално е препознаена како ретка дисциплина од страна на француското Министерство за високо образование и истражување.“
„По одлука на научна комисија, македонистиката е вклучена во француско-германскиот проект за мапирање ретки дисциплини во Франција и во Германија. Иницијативата за вклучување на македонистиката во овој значаен проект ја покрена професорката Пејоска-Бушро.“
„Се пријавив, затоа што од суштинско значење е македонските студии/македонистиката да бидат препознаени (признати) како ‘дисциплина’ во време кога македонскиот идентитет (јазик, историја и култура) е загрозен поради негирањето на неговото постоење. Затоа, мојата прва цел беше признавањето на македонистиката како посебна дисциплина. Ознаката „дисциплина“ овде го гарантира постоењето на научно ниво. Мојата втора цел беше да покажам дека интересот за македонистиката е намален од ненаучни причини. ‘Ретка’ значи дека има настава, дипломи и истражување на оваа дисциплина, но тоа е ограничено во број на ученици, во број на истражувачи и на места на изучување.’ – објаснува професорката Пејоска – Бушро.“
„Во ИНАЛКО македонскиот јазик се изучува како главен предмет – три години додипломска настава, две години на вториот циклус студии, како и на школата за докторски студии.“
„Во Франција ИНАЛКО е единствената високообразовна институција каде што македонистиката се изучува во целосна обука од лиценцата (Licence) до докторатот. „Бо Во 2015 година беше создадена професорска катедра за македонски студии. Франција е единствената земја во светот што има професорска катедра по македонистика, надвор од Македонија. Во моето застапување покажав дека на меѓународно ниво овој интерес постои, но дека со текот на времето се намалува. Намален е бројот на универзитети каде што се изучува македонистиката (намален е бројот на ученици), се намалуваат истражувачките центри и истражувачите, што работат на македонистиката.’– вели проф. д-р Пејоска – Бушро.
„Со ваквото признавање на македонистиката, македонскиот јазик и култура ќе имаат шанса да се шират полесно низ светот и да се препознаваат како уникатни.“
„Ознаката ‘ретка дициплина’ гарантира: признавање, заштита, можно проширување на студиите, со помош на финансирања, и зачувување на македонистиката во ИНАЛКО, со неможност да се спои со други студии, особено со бугарските. Зачувувањето и ревитализацијата на македонистиката ќе придонесе за етничката, јазичната и културната различност.’ – додава Пејоска – Бушро.“
„Лекторатот по македонски јазик во Париз работи од 1973 година.“
Home Македонија Пејоска: Македонистиката призната како наука во Франција додека се негираат македонскиот идентитет...





