Украинските бегалци можат да бидат испратени во Руанда доколку патуваат во Обединетото Кралство без дозвола, изјави британскиот премиер Борис Џонсон, цитиран од Гардијан.



,Тој ја даде изјавата за време на посетата на главниот град на Руанда, Кигали.

Таму премиерот исто така ги повика НАТО и земјите од Г-7 да не поднесуваат „лош мир“ во конфликтот Украина-Русија, велејќи дека тоа ќе доведе до ескалација на воената машина на Владимир Путин.

„Мислам дека даваме 130.000 визи на Украинците и тие имаат најмалку два многу добри рути за да дојдат во оваа земја. Но, ако дојдете овде нелегално, ги попречувате сите што го прават тоа легално. Тоа е лудо. Затоа се плашам дека одговорот е, претпоставувам, да, теоретски тоа би можело да се случи. Но, мислам дека тоа е многу малку веројатно“, рече тој.