Приказна за ,,западното бугарско наречје”, еден Бугар и тројца Македонци (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Обичен бугарски граѓанин со еден твит ја урна бугарската позиција и ја открива цела погрешна политика на бугарските власти кои инсистираат дека Македонците се Бугари а македонскиот јазик е бугарски.



Стилјан на Твитер раскажува дека во кафената во Бугарија седел со тројца Македонци а од кога тие почнале да се расправаат меѓусебе на Македонски тој ништо не ги разбрал.

,,Бев на маса со тројца Македонци кои живеат во Бугарија и кога ги вклучија на македонски (скоро) ништо не разбрав”, пишува Стилјан.

Коментарите на твитот се исто така приказна за себе која ја открива системската грешка на официјална Софија за тезата ,,Една хора во две држави”.