Високите температури и опасноста од пожари го вклучија алармот, поради што се воведува забрана за движење шуми.
Забраната важи од шест наутро до осум навечер.
Оние кои нема да ја почитуваат и ќе бидат затекнати во шума, ќе бидат казнети. Глобата се движи од 1.500 до 2.000 илјади евра.
Поради забраната, ќе прекине да работи и жицарницата, како и угостителите на Водно.
Од Национални шуми велат, забраната ќе важи се’ до проценката дека е намален ризокот од појава на пожари.
Лани, ваква забрана беше донесена во август, откако избија повеќе пожари низ земјата.






