Албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи сподели заедничко „селфи“ со македонискиот премиер Димитар Ковечевски од Брисел.
Во негов стил, Рама преку Твитер порача: „Навикнати сме на оваа шарада’.
„Сè уште го чекаме Годо? Не, ние сме навикнати на оваа шарада и повеќе од кога било сме посветени да ја поттикнеме модернизацијата на нашите земји и нашиот регион со непоколеблив европски дух“, напиша Рама под фотографијата.
Советот на Европа во моментов е преокупиран со давање кандидатура на Украина, Молдавија, и евентуално за Грузија.






