Таравари: Ако ДПА влезе во влада, Алијанса излегува

Арбен Таравари, новиот градоначалник на Гостивар вечерва на телевизија Телма ја исклучи можноста неговата партија, Алијансата на Албанците, да биде коалиционен партнер со ДПА во владата.
Доколку (Мендух) Тачи влезе во владата, ние излегуваме. Тој е најголем злоупотребувач на историјата. Очекуваме премиерот Заев да не викне да разговараме, рече Таравари.