На прашањето дали хипотетички може да се случи сепак денес да има одлука за Македонија, бугарскиот премиер во оставка, Кирил Петков, денеска од Бриселкатегорично рече „НЕ„: не.



„Ни хипотетички тоа не е можно, зошто јас си држам до зборот, рече тој упатувајќи на Народното собрание како единствена адреса од каде што треба да се чека одговор за францускиот предлог“, рече Петков.

Рече дека му се допаѓа францускисот предлог и дека не може да има друг таков.

Според него, не Владатан (сега веќе бивша) туку бугарскиот парламент мора да одлучи, „а јас ќе си го одржам зборот“, изјави премиерот пред доаѓањето на самитот за Западен Балкан во Брисел. 

„Јас сум премиер и кога му ветувам нешто на бугарскиот народ, останувам на зборот. Се надевам дека во наредните денови Националното собрание ќе донесе одлука за ова прашање.

Имаме историски момент да можеме да ги зачуваме сите наши бугарски интереси, работи за кои сме сонувале и со овој предлог да го заштитиме бугарскиот интерес долго време“, рече Петков.

Тој жестоко и директно го нападна однесувањето  на претседателот Румен Радев, а потоа и на Бојко Борисов.

„Не може претседателот две недели да не свикува Консултативен совет за национална сигурност (КСНС) и да се крие зад различни изговори. Ако си претседател како што треба свикуваш КСНС, служби, партии, седнуваме, дискутираме и излегуваме. Паднаа маските, се изморив од кукавици“, рече Петков.

Потоа му се нафрли на Борисов кој јавно тврди дека ќе го поддржи францускиот предлог, а потоа ја блокира работата на Комисијата за надворешна политика која треба да даде „амин“ за него.