Претседателот Румен Радев мора да се консултира со политичките партии застапени во бугарскиот парлемент околу доделувањето мандат за формирање на нова влада.
Извесно е, јавуваат бугарски медиуми, дека тој ќе го додели мандатот на сегашната владеачка „Продолжуваме со промените“, која стоеше зад премиерот Кирил Петков.
Дека е тоа речиси сигурна работа потврди и Петков кој себе се гледа како најизвесен мандатар на новата влада откако вчера му беше изгласана недоверба.
Не е време да се кажам кои ќе бидат новите министри, кога претседателот на Бугарија Румен Радев, ќе и го додели мандатот на „Промените продолжуваат“, изјави за Нова ТВ премиерот во оставка Кирил Петков.
Петков кажа дека неговата партија ќе испрати покана до сите пратеници од партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ и ќе ја претстави својата програма за следните шест месеци и за една година.
Според него, ако успеат да соберат 121 пратеник, Бугарија за првпат ќе има независна влада и задкусните игри нема да може да влијаат на нејзините активности, како што беше случајот со партијата „Има таков народ“.
Шефот на државата и дава мандат на првата политичка сила – „Продолжуваме со промената“, а премиерот Кирил Петков веќе потврди дека ќе направи напори за формирање на кабинет во рамките на ова Народно собрание.
Но, доколку Петков и неговите сопартијци не го исполнат мандатот, во тек е втората политичка сила – во случајов ГЕРБ-СДС.






