Активисти на ВМРО пред домот на Борисов: Не ја предавај Македонија

Активисти на бугарската партија ВМРО предводени од европратеникот Ангел Џамбаски синоќа протестираа пред домот на поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов.



Тие го искажаа револтот против Борисов кој го поддржа францускиот предлог за решавање на спорот и почеток на преговорите на ЕУ со Македонија, јави БНТ.

Имено, Борисов му понуди на сега веќе екс-премиерот Кирил Петков поддршка на 59 пратеници од пратеничката група на ГЕРБ доколку Владата покаже храброст да го прифати францускиотѕ предлог, што беше одбиено од премиерот.

Понудата на Бориусов беше поздравена и од еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Демонстрантите од доскорешниот коалициски партнер на Борисов, пред неговиот дом носеа транспарент „Не ја предавај Македонија“ и скандираа: „И порано и сега, Македонија е бугарска“.

„Треба да се заштитат интересите на македонските граѓани со бугарска самосвест, да се воведат рокови за да се гарантира дека ако нешто не се случи, процесот нема да продолжи и може да се врати назад. Сите работи мора детално да се разработат“, рече Џамбаски.