Поддржувачи на Петков протестираат пред парламентот по паѓањето на бугарската влада

Неколку илјади приврзаници на кабинетот на Кирил Петков протестираа пред зградата на Народното собрание.



Тие ја изразуваат својата поддршка за трипартитната коалиција при гласањето недоверба, поднесено од ГЕРБ, а потоа усвоено од пратениците.

Насобраната толпа крајно остро го дочека конечниот резултат, што доведе до првата во демократската историја на Бугарија успешна парламентарна процедура за соборување на владата.

„Мафијата надвор“ беше најчесто извикуваниот слоган од незадоволните граѓани. „Предавник“ се слушаше во обраќањето на претседателот на „Има таков народ“ Слави Трифонов.

На протестот се очекува подоцна да се приклучат и претставници од кабинетот на „Продолжуваме со промените“ во оставка.