Двајца од тројца Бугари сметаат дека ветото за Македонија треба да остане

Нови предвремени избори не сакаат 41,3 отсто од полнолетните бугарски граѓани, а со спротивно мислење се само 26,5 отсто, покажува анкета на „Галуп интрнешнел“ спроведена од 2 до 10 јуни.



Во однос на оставката на владата, Бугарите не се толку категорични, но и таму се чини дека и натаму преовладува мислење дека оставка не е потребна: 39% се протиов оставка на владата на Кирил Петков, додека 36 проценти сметаат дека треба да си замине.

Во однос на Македонија и бугарското вето за ЕУ, 62,8 отсто од возрасните Бугари веруваат дека Македонија не направила доволно за да го укине ветото на Бугарија, а нешто помалку од една десетина веруваат дека РСМ направила доволно.