Секој втор Бугарин уште ја сака Русија

Бугарија е единствената земја-членка на ЕУ каде опаѓа процентот на луѓе кои мислат дека Европската унија е добра работа, покажуваат резултатите од истражувањето на Евробарометар за пролетта 2022 година, пренесуваат бугарски медиуми.



Речиси половина од Бугарите имаат позитивен став за Кина и Русија, додека повеќе од 50% имаат негативен став кон САД.

Истражувањето покажува дека речиси две третини од Европејците сметаат дека членството во ЕУ е добра работа.

Во споредба со последното истражување на ЕП од крајот на 2021 година, резултатите од овој индикатор значително се зголемија во повеќето земји-членки. Во Бугарија, пак, има благ пад од 2 процентни поени – на 47%.

Речиси половина од Бугарите – 49%, имаат позитивно мислење за ЕУ, што е намалување за 2% во однос на крајот на 2021 година.

Русија е позитивно оценета од само 10% од анкетираните Европејци. Кина има втор најнизок резултат од 22%.

Европејците имаат попозитивен став кон Британија – 65%, а потоа следат САД со 58%.