Трошановски: „Огромен пад на поддршката кон ЕУ“ – Марковиќ: „Да се внимава да не се направат тешко поправливи грешки“

„Очигледен климакс на насобрана фрустрација.’ – вака Марко Трошановски од Институтот за демократија ги прокоментира во емисијата ‘200’ на ТВ Алсат изјавите на лидерите на земјите од иницијативата ‘Отворен Балкан’ дека тие сѐ уште немаат конечна одлука дали ќе земат учество на Самитот ЕУ – Западен Балкан, односно оти одлуката ќе ја донесат во текот на утрешниот ден.“ – објави ТВ Алсат.

ТВ „Алсат“ ги сумираше поважните ставови на учесниците во емисијата: „Очигледен климакс на една фрустрација, која што се таложи со години наназад, ако не и со декади…кога од наша страна се спроведуваат реформи, кои ги бара Европа, а од друга нема препознавање и награда. Таа фрустрација се таложи во нашите општества и политичките елити. Истражувањата што ги правиме покажуваат постојан пад на поддршката кон ЕУ. Во последните две години тој пад е огромен.’ – нагласи Трошановски.“

„За да се реформираме нам ни е потребно првин на самата ЕУ да и биде јасно во што таа ќе се преобрази.’ – кажа во емисијата 200’ на ТВ Алсат, универзитетскиот професор Ненад Марковиќ од Институтот за политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Според него, периодот пред кој што се наоѓа Македонија е многу деликатен и дека е потребна внимателност поради тоа, за да не се направат грешки, кои потоа би биле тешко поправливи.

„Кога ЕУ ќе знае во што ќе се преобрази и кои ќе бидат критериумите за пристап – или кон ЕУ или кон таа фамозна ‘Европска политичка заедница’, која ќе биде некакво предворје, тогаш и ние ќе се приспособиме. Вака дословно не знаеме кон што што треба да се приспособиме. Во тоа е проблемот во овој момент’ – укажа професорот Марковиќ.“