Од втора, најуспешна посткомунистичка земја, Хрватска за 25 години успеа да стане втора нај-неуспешна – по Бугарија – и ако овој тренд не запре може да се очекува „грчко сценарио“ и туѓа власт, предупредува за „Индекс.хр“ хрватскиот научник, Борис Подобник.
Подобник кој е по образование е физичар содиплома од Факултетот за наука и технологија во Загреб,во моментов е предавач на науки на Загребската школа за економија и менаџмент (ЗСЕМ) и на Градежниот факултет при Универзитетот во Риека.
Од две негови научни статии има речиси 3.000 цитати во светски списанија и тој се смета за еден од најталентираните хрватски научници.
Причината за застрашувачкото назадување е неподготвеноста на Хрватска да се менува, вели Подобник според кој како и во природата, кој се менува и се прилагодува побрзо, на крајот победува. Битна е и брзината, вели тој и додава дека ако растот во Хрватска е 2 отсто годишно, таа всушност уназадува во однос со Србија која и има годешен пораст на стопанството од 3 проценти.
Тој вели дека е интересно колку од овие економски движења наликуваат со Дарвиновата теорија за природна селекција, каде што видовите што мутираат/се менуваат имаат поголеми шанси за опстанок, меѓу конкурентните видови.
Ако ние не сме подготвени за ова, вели Подобник, тогаш други ќе господарат со нас.
Тој вели дека „ние како народ може и да не исчезнеме … но сигурно нема повеќе да ја контролираме нашата судбина, бидејќи речиси сè во Хрватска ќе стане германско, италијанско, австриско или унгарск0и, како што беше пред стотина години“.

За илустрација тој го дава примерот со ИНА која сега е во сопственост на Унгарците и прашува: Каде се истражувачките центри ИНА, во Загреб или во Будимпешта“?
На почетокот на деведесеттите, Хрватска беше втората најразвиена земја меѓу поранешните социјалистички земји по глава на жител. Денес, хрватскиот БДП по глава на жител, со оглед на куповната моќ, е исто така втор, но од позади.
Само Бугарија е сеуште зад нас, вели Подобник и вели дека бидејќи таа земја побрзо се менува, Хрватска нема уште долго да е претпоследна. Ќе биде економски најлоша.





