Петков бара поддршка од пратеници на ИТН за да оспстои неговата влада

Сега пратениците треба да изберат дали ќе застанат на страната на промените или ќе ги стопираат реформите. Многумина од вас имаат чисти мисли, им порача бугарскиот премиер Кирил Петков на пратениците на ИТН и побара поддршка од нив пред гласањето недоверба на неговата влада.



Петков убеден дека ќе преживее

Како што пренесуваат бугарски медиуми, ремиерот се се пофалил со високиот извоз, зголемувањето на пензиите, поволностите за младите семејства и бесплатните градинки, зголемување на платите на лекарите и на наставниците.

„282 милиони лева одат дополнително за лицата со посебни потреби. Се преземаат мерки за бизнис поради струја и гас. За потрошувачот од домаќинствата цената на струјата остана непроменета“, рече Петков. Долгот опаѓа, се пофали премиерот а апсолутна е невистинита изјавата дека касата останала без пари…а инфлацијата е воведена однадвор.