Денеска пред зградата на Народото Собрание во Софија ќе се оддржат пет протести против бугарската Влада на премиер Кирил Петков, соопштија властите во земјата.
Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, станува збор за протести на движењето „Да, Бугарија”, партијата „Препород”, партијата ВМРО-БНД , здружението „Толерантност” и национално движење „Хан Кубрат”.
Протестите ќе се одржат по повод денешната расправа за гласањето недоверба на владата на Петков, што до Народото собрание беше поднесена од ГЕРБ на крајот на минатата недела.
Повод за побараното гласање недоверба е политиката на Петков кон Северна Македонија, која овие партии ја сметаат за предавничка.







