Чудни закономерности со тендерите на АД ГТЦ

Поедноставена отворена постапка е редовната процедура според која АД Градски трговски центар последниве години ги распишува тендерите. Она што може да се види на интернет страницата за јавни набавки е дека со години АД ГТЦ распишува речиси идентични тендери на кои најчесто се јавуваат и ги добиваат едни те исти фирми, а сумите за проценетата вредност на набавката се само малку поголеми од она што значи потпишана вредност на договорот. Сите овие податоци ги подгреваат сомневањата за можни неправилности на кои засега не реагира ниту една инспекција.



И така е тоа веќе со години. На пример, само за годинава АД ГТЦ реализирал набавки во вредност од повеќе од 500 илјади евра, а се однесуваат на одржување на објектот. Ако ова навистина се случува, велат незадоволните сопственици на дуќаните во овој трговски центар, тогаш објектот ќе свети. И дење и ноќе. А граѓаните секојдневно се сведоци на нехигиената и негрижата на заедничките простории во ГТЦ.

Линк до целиот текст.