„Не можеме да ги оставиме нашите животи на милост и немилост на оваа Влада, која до перверзност им служи на интересите на еден грст олигарси врз грбот на граѓаните. Ако не излеземе заедно на улица, живеењето ќе стане многу потешко, а олигарсите и власта ќе ни ги земат и последните ситни парички, што ни останаа во џеповите. Уште колку ќе трпиме?!“ – вели граѓанскиот активист од Тетово Агрон Шаќири во својата колумна со наслов „Јадете, пиете и ограбувате!“, која ја објави информативниот портал на албански јазик „ин7’.
Шаќири пишува: „Го искажувам мојот револт со неколку зборови од Мишел Фуко: ‘Криминалецот е човек кој го прекршува пактот од време на време, кога ќе му треба, или кога ќе сака, кога во момент на насилство или слепило преовладува мотивот на личниот интерес. Криминалецот е привремен деспот…“
„Цената што ја одреди Регулаторната комисија за енергетика за нафтата достигна и до 107,5 денари. Тоа е највисока цена на нафтата во најсиромашната земја во регионот и пошироко. Секој ден доцнење значи поголемо поскапување на горивата и потоа секоја преземена мерка нема да има никакво олеснително дејство за граѓаните. Тие очекуваат цената да се зголеми до 150 денари, а потоа да ја спуштат на 120 денари за литар.“
„Ова не е намалување, туку е пљачкање и измама на граѓаните. И велат дека ние, народот, после неколку месеци ќе кажеме дека оваа цена е во ред. Но, тие забораваат дека Владата и Регулаторната комисија за енергетика се јавни институции во заштита на граѓаните, а не институции во служба само на еден таен картел меѓу олигарсите и на нивните пријатели.“
Според ИНСТАТ, и другите цени забележаат пораст, кој го чувствуваат нашите семејни економии. Денес граѓаните на с.Македонија јадат помалку и трошат повеќе. Инфлацијата е највисока во последните 30 години. Кризата ги доведува во банкрот малите бизниси, но банкротираат и малите фармери-земјоделци. Премиерот и Владата чекаат ребаланс на буџетот, па да интервенираат со антикризни мерки. Но, ние, чекајќи ја таа седница мораме да ги вадиме од џеповите и последните парички. Кризата најверојатно ќе се продлабочува и натаму.“
„Ако не излеземе заедно на улица, живеењето ќе стане многу потешко, а олигарсите и власта ќе ни ги земат и тие ситни парички, последните што ги имаме во џеповите. Ние не можеме да ги оставиме нашите животи на милост и немилост на една Влада, која до перверзност им служи на интересите на еден грс грст олигарси врз грбот на граѓаните.“
„Саботажата на јавните институции од страна на оние, што се платени да ги штитат тие институции, е повредување, загрозување на мнозинството на граѓаните и показател дека уништувачкиот бран сериозно ја загрозува и државата. Истото се прави и со болниците, училиштата, аеродромите и патиштата во с.Македонија.“
„Тие што ни ја украдоа сегашноста, сакаат да ни ја украдат и утрешнината на нашите деца. Уште колку ќе трпиме?!“





