Марин Ле Пен од парламентот ќе бие битка со Макрон

Марин Ле Пен денеска соопшти декаќе се повлече од лидер на нејзината партија Национален фронт , со цел да се посвети на водењето на пратеничката група во новиот состав на францускиот Парламент.



Нејзината десничарска партија постигна историски резултат со освоени 89 пратенички места – десетпати повеќе од претходниод состав на парлеменот.

На парламентарните избори, коалицијата „Заедно“ на францускиот претседател Емануел Макрон не успеа да го задржи апсолутното мнозинство во Долниот дом.

Наместо потребните 289, коалицијата на Макро „Заедно“ освои 245 во Парламентот што има 577 места.