Екипата на Шомбатели му уфрли на нашиот претставник во ФИБА Еврокупот 108 поени, по што Карпош Соколи загуби по трет пат во групната фаза. 108-87 е конечниот резултат со тоа што првото полувреме беше вистински дебакл и во него домаќинот даде 64 поени, а гостинот 49. Најдобар поединец во составот на скопјани беше Браун со 27 поена, а Соколите кои денеска ги водеше помошникот Александар Тасевски во третиот пораз го одржаа негативниот тренд и веќе имаат пресек од 101 приме кош по ред.




