„..Во оваа консталација, власта ниту во најсреќен и најдобар сон нема да доживеат и да најдат доволен број на пратеници кои што би гласале за промена на Уставот.



По ниедна цена не треба да се прифати асимилација на македонскиот народ од Бугарија, односно да практично нѐ бугаризираат тука во Република Македонија“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринска емисија на радио „Лидер“.

Арсовски додаде дека дел од интелектуалната јавност во Грција велела дека се’ што заборавила да вметнат во „преспанскиот договор“ во брзање, сега бугарската Влада не заборавила да го вметне.

„Една работа која што морам да ја констатирам за жал е дека повторно македонската јавност се информира од медиумите во соседна Бугарија. Повторно молчат од страна на власта“, нагласи Арсовски.

Доколку власта смета дека предлогот на Франција е толку добар зошто тогаш го крие од јавноста. Власта слободно може до пладне да свика прес конференција каде што ќе го објави предлогот пред јавноста. А, потоа , треба да ги слушне реакциите на граѓаните околу истиот тој предлог.

„Но, очигледно нешто не е во полза на македонските граѓани, на граѓаните на Република Македонија, очигледно не е во полза на државата и затоа од власта ќе се обидат да молчат. Но, сепак јавноста се информираше околу предлогот на Франција од бугарските медиуми“, појасни Арсовски.

Но, од друга страна гледаме дека Ковачевски нема став по ова прашање. И тоа доволно говори дека не е Ковачевски тој што одлучува. Ковачевски е само еден пиун и најверојатно се уште одлучуваат Зоран Заев и Али Ахмети“, порача Арсовски…