Бугарите се забележително скептични кон медиумските извештаи за војната во Украина што допираат до нив. Ова е еден од заклучоците на независното истражување на Gallup International, спроведено меѓу 1.003 возрасни Бугари во периодот од 2 до 10 јуни 2022 година.
58,8% од бугарските граѓани велат дека не ги одобруваат постапките на Владимир Путин во Украина. Сепак, 23,3% не кријат дека ги одобруваат. Во втората група најмногу се постари луѓе, односно поддржувачи на политички сили, кои традиционално се попроруски настроени, објаснува социолошката агенција.
Во исто време, 50,7 отсто сметаат дека информациите што медиумите во Бугарија ги објавуваат за војната во Украина се генерално прилично неверодостојни, само 25,9% од испитаниците сметаат дека се веродостојни , додека отанатите се двоумат, објави Њуз.бг.
Главен извор на информации генерално останува телевизија – 53,1% од испитаниците ја наведуваат телевизијата како извор на информации број еден. Веднаш потоа доаѓаат социјалните мрежи на Интернет – 22,3%, додека 16,6% како главен извор наведуваат други страници на Интернет.
Меѓутоа, за младите групи, социјалните медиуми сега се апсолутен извор број еден, а потоа следат други веб-страници.
Анкетата покажува дека бугарските медиуми се преферираат пред странските.
Дури 39 отсто од испитаниците велат дека бугарските медиуми се сигурен извор, а 28,3 отсто им веруваат на – странски.






