Ибраими: „Во РМ мнозинството има проруско чувство и поволен став кон Русија – тоа не е заштита од малигните закани“

„Веднаш по рускиот напад врз Украина Балканот, Европската Унија, демократскиот свет и с.Македонија застанаа до Киев и меѓународниот фронт против рускиот напад. Но, не е доволно само ова геополитичко постројување за заштитување од малигните закани и од хибридните активности. На пример, во с.Македонија, членка на НАТО и која многу се стреми да влезе во ЕУ, проруското чувство е многу големо.“ – вели Селим Ибраими од Македонија, доктор по политички науки и основач на Институтот за безбедносни студии и развој, во својата колумна со наслов „Фаустијански геополитички сигнал“, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Порталб“.

Ибраими пишува: „За време на меѓународниот форум во Охрид официјалните личности рекоа дека регионот е целосно со Европската унија, но заборавајќи дека значајно мнозинство на населението и натаму продолжува да има фаворизирачки, поволен став кон политиките на Русија во Балканот и во врска со неправедната војна на Москва во Украина.“

„Во меѓувреме, во Западниот Балкан, и покрај вестите дека француската интервенција ќе ја одблокира ситуацијата и оти ќе има датум во јуни за Скопје и Тирана, сепак, прашањето меѓу Бугарија и с.Македонија останува нерешено, без завршно решение.“

„Западниот Балкан според етничкиот и верскиот состав е мешана територија и ниеден меѓународен актер не може да даде јасни проценки за иднината, во врска со тоа колку време ќе им треба на државите од регионот целосно да се интегрираат во Европската Унија, или да се наречат европски.“