Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека не е песимист и смета дека до крај на месецов ќе се најде решение за спорот со Бугарија.
„Сега овој процес го олеснува претседателот Макрон. Јас верувам многу во иднината и затоа и верувам во решение на крај на јуни, затоа што има значајна ангажираност на нашите пријатели и сојузници и затоа верувам во нивната определба и олеснувањето кое што претседателот Макрон го презема врз себе за Балканот да биде посигурен, побезбеден, помирен, бидејќи доволно е да оставиме вакум или отворени и нерешливи теми или пак да ги одолговлекуваме проблемите за да имаме секакви искри тука“, рече Ахмети, одговарајќи на новинарско прашање на вечерашнава прес конференција во партиското седиште.
Вели дека цел на дејствувањето на ДУИ како партија е „да најдеме решение и треба да демонстрираме храброст, но за добро и на нашата држава но и на Бугарија е ова прашање и овој елипог да биде позитивен“ МИА







