Истиот ден кога Шпанија се соочи со декларацијата за независност на Каталонија, шпанскиот амбасадор во НАТО ја игнорираше еднострано прогласената независност на Косово.
На состанокот со амбасадорите на НАТО во Приштина, минатиот петок, шпанскиот амбасадор побарал од претставниците на Косово да не се претставуваат на функциите што ги извршуваат.
Тој побарал од Рамуш Харадинај да не се претставува како премиер, а министерот и заменик министерот за Косовските безбедносни сили да се појават без униформа, бидејќи Шпанија не ја признава независноста на Косово и затоа овие функции немале официјален статус,пишува српски Телеграф.
Делегацијата на НАТО беше предводена од заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемелер.
Втората личност по функција во Алијансата, на косовските власти им се обраќала само со личните имиња,
Оваа позиција во НАТО е поради непризнавањето на Косово од страна на четири земји-членки од 29 земји во воената алијанса.
На овој услов што го поставил шпанскиот амбасадор, реагирал Харадинај кој одби средба, а потоа и да се учествува во заедничката прес-конференција со високи претставници на НАТО, во седиштето на КФОР во Приштина.
Приштина полага големи надежи за помош од НАТО во формирањето на косовска армија.