Меѓу најчестите жртви на присилни бракови во Швајцарија се од Македонија

Македонија е во групата земји од кои потекнуваат најголемиот број жртви на принудни бракови во Швајцарија, стои во извештајот на сојузната Влада за спроведувањето на програмата за борба против овој феномен во периодот од 2013 до 2017 година, за која се потрошени два милиона швајцарски франци.
Покрај од Македонија, најчестите жртви на присилни бракови во земјата на сирењето, на чоколадото и на часовниците се по потекло од Косово, Шри Ланка, Турција, Албанија, Авганистан и од Сирија.
Проектните организации формирани со Програмата од почетокот на 2015 година до август годинава пријавиле 905 случаи на принудни бракови, на присилно одрекување од љубовна врска и на принудно останување во брак. Од нив дури 736 се случаи на принудно стапување во брак, во кои 83 проценти од жртвите се жени, а една четвртина од засегнатите се лица под 18 години.