Бугарија не ги исполнува обврските како земја-членка на ЕУ и се однесува како експлоататор кон с.Македонија со своите поставени услови за пристапните преговори.’ – изјави професорот Едуард Џозеф од американскиот Универзитет „Џон Хопкинс“ во интервјуто, што го даде за ТВ Клан Македонија.
ТВ Клан Македонија ги пренесува ставовите на Џозеф: „Во моментов со ова му се прави услуга на рускиот претседател Путин, кој на Балканот може да се смета како ‘победник и без војна’, поради колебањето на ЕУ и нејзиното неисполнување на ветувањата, што му ги даде на Балканот.“
„Џозеф нагласува дека на Бугарија не и се допаѓа фактот, што Грција веќе ги прифати македонскиот народ и јазик.“
„Блокадата на Бугарија е експлоататорска и неправедна.’ – вели Џозеф како добар познавач на балканскиот регион, укажувајќи: ‘Ова не требаше да се случи. Ова е прекршување на обврските од страна на Бугарија, кои таа ги има како држава-членка на ЕУ. Ова е целосна експлоатација, дури и неправеден однос, бидејќи с.Македонија и Грција, заедно како партнери, влегоа во вистински компромис, кој се нарекува ‘Преспански договор’. Тоа значи дека с.Македонија презеде чекори, но, нагласувам – и Грција направи големи отстапки. Всушност, тие отстапки се дел од причините, зошто Бугарија го прави ова. Грција ги прифати македонскиот јазик и македонскиот народ, што на Бугарија не и се допаѓа. Ова значи експлоатација и дополнително оваа ситуација има потенцијал да им помогне на Владмир Путин и Русија во овој регион.“
„ТВ Клан Македонија постави прашање: ‘Не се знае што ќе се случи за време на самитот на ЕУ за неколку дена, но ако остане ветото, дали с.Македонија и регионот ќе бидат уште позагрозени и поотворени за влијание од Кремљ?“
„Професорот Едвард Џозеф одговори: ‘Одговорот е секако ‘Да’. Така ќе биде и никој не може да се спротивстави на ова. Зошто? Затоа што токму ова е целта на Владимир Путин. Луѓето ме прашуваат постојано дали ќе има нова војна. Мојот одговор е дека не е потребно да има нова војна, за да победи Путин. Војна може да се случи, треба да бидеме загрижени поради тоа. Тоа не можеме да го исклучиме. На пример, во Босна може да се случи насилство, кое може да ескалира, но навистина Путин може да победи и без никаква војна. Ваквата несигурност е победа за него, тој може да го демонстрира ова. ЕУ и САД не ги исполнуваат своите ветувања Тие не успеваат ниту да го стабилизираат регионот. Покрај ова, Путин има сојузници во регионот: во Бугарија го има претседателот Радев, а во Србија претседателот Вучиќ. Тоа значи дека Путин има два големи сојузника во регионот.“
„Во интервјуто за ТВ Клан Македонија, Џозеф истакнува и дека, и покрај тоа што Европа мора да ја заврши својата работа на Балканот, САД се подготвени да помогнат колку што можат за да се решат некои од ‘критичните точки, кои што ја блокираа ЕУ.“





