„На поставено новинарско прашање за тоа како ќе функционира оваа држава во случај на голема политичка криза и зошто не се нуди решение, на денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски посочи: „Прво ќе ви кажам како ќе функционираме…’ , по што лидерот на ДУИ Али Ахмети со смеење се уфрли со зборовите: ‘Како до сега!’.“ – објави ТВ 21.
ТВ 21 додава: „По ова премиерот Ковачевски го повтори истото, а потоа присутните започнаа да се смеат!“
Инаку, по средбата со владината коалиција премиерот Димитар Ковачевски на оваа прес-конференција порача дека следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин, односно во 2024 година, бидејќи „предвремените избори нема да ги решат проблемите на граѓаните туку ќе ги продлабочат и затоа го затвораат ова прашање.’
Интернет-врска до јутуб од овој дел од денешната прес-конференција на премиерот Ковачевски и неговите коалициони партнери со „суфлерското смеење“ на претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети:




