Иако не беше најавено дека на денешната средба на коалициските партнери од власта во Владата ќе се разговара за францускиот предлог за кревање на бугарското вето, премиерот Димитар Ковачевски го повтори ставот на министерот за надворешни работи Бујар Османи.



„Нема да го коментираме предлогот додека предложениеот документ не стане став на сите 27 земји-членки на Европската Унија. Внимателно ги следиме случувањата во Народното собрание на Бугарија, па откако ќе биде усвоен предлогот и ние ќе го добиеме како официјален предлог тогаш ќе се изјасниме“, изјави Ковачевски.

Во врска со македонскиот јазик, тој потенцираше дека во преговарачката рамка мора да гласи „чист македонски јазик“, а не како што беше предложено, Македонија и Бугарија да имаат своја резолуција за нашиот јазик.

Иванов: Што чекате, отфрлете го францускиот предлог