„Преговорите за пристапување на Шведска и Финска во НАТО нема да напредуваат се додека шведската влада не преземе чекори за да ги запре провокациите“ и додека не испорача лица поврзани со ПКК, ФЕТО и не го спречи делувањето и на други терористички организации, изјавил Ибрахим Калан портпарол на турскиот претседател.
Потсетувајќи дека шведска и финска делегација пристигна во Анкара пред две недели, Кален додаде: „Оттогаш, ние јасно и недвосмислено ги поставивме нашите основни принципи за тоа како ќе оди овој процес, и преку телефонска дипломатија и преку размена на релевантни документи…
Тој рече дека забраната на терористичките организации и нивните прокси организации, особено во Шведска и Финска, како и спречувањето на собирање средства, регрутирање, активности и пропаганда против Турција е во срцето на нашите очекувања“.
„Не сметаме дека самитот во Мадрид е историска пресвртница во шведско-финскиот пристапен процес.
Ако се сеќавате, во минатото генерално ја поддржувавме политиката на отворени врати за НАТО.
Но, на пример, Грција, 11 години се спротивставуваше на членството на Македонија само поради проблемот со името“, изјавил Калан пренесе БГНЕС.






