Британски војници нема да се распоредуваат на Балканот поради серијата инциденти

На стотици британски војници, наводно, им е забрането годишното распоредување на НАТО на Балканот, откако се појавија видеа од оргија во воена касарна, јавува Гардијан.



Во писмото до генералите и командантите, новиот шеф на армијата, генерал Сер Патрик Сандерс, рече дека не е подготвен да ја „ризикува мисијата или угледот на британската армија“ испраќајќи ги во странство.

Биле откриено дека осум падобранци од 16-та воздушна бригада за напад биле ставени под полициска истрага откако биле снимени како имаат секс со жена, цивил, во касарната Мервил во Колчестер, Источен Есекс, додека десетици други го гледале чинот.

Инцидентот уследи по низа други случаи на недолично однесување за време на вежба во Македонија во мај, кога членовите на Третиот падобрански баталјон беа обвинети за „непрофесионално однесување“ за време на вежбата, заедно со војници од други единици.

Наместо десетдневна воена вежба на НАТО во Босна и Херцеговина и Косово и Метохија, од падобранците се бара „да размислат за тоа каде не ги исполниле очекувањата од британската војска“.

Минатиот месец неколку британски војници предизвикаа инциденти во Македонија по што завршија во полициска станица. Тие беа војници кои биле дел од воената вежба „Брз одговор 22″, што се одржа на армискиот полигон „Криволак”.

Во билтенот на МВР пишуваше дека седуммина од нив завршиле во полициска станица. Четворица поради украдено такси возило, а тројца поради кршење во ресторан и напад на полицаец.