Генералниот секратер на НАТО предупреди дека војната во Украина би можела да трае со години, поради засилените руски напади откако Европската унија препорача Киев да стане кандидат за членство во блокот.
Јенс Столтенберг изјави дека снабдувањето со најсовремено оружје за украинските војници ќе ги зголеми шансите за ослободување на неговиот источен регион Донбас од руската контрола, пишува германскиот весник Бил Дам Зонтаг.
„Мораме да се подготвиме за фактот дека ова може да потрае со години. Не смееме да престанеме да ја поддржуваме Украина“, рече Столтенберг, генерален секретар на воената алијанса.
„Дури и ако трошоците се високи, не само за воена поддршка, туку и поради зголемените цени на енергијата и храната…






