Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов е убеден дека актуелниот премиер не е во состојба да го реши билатералниот спор меѓу властите во Софија и Скопје, јави БГНЕС.
Изјавата на Борисов доаѓа по најновиот развој на билатералните односи и предлогот на француското претседателство.
„Ја гледате ли подлоста? Тој се обидува тајно да договори нешто што ќе излезе пред публика, гледате дека се случило, но не затоа што е лошо, туку дека парламентот одлучил. Не, денес јасно е дека Петков не може да придвижи ништо што е поврзано со Северна Македонија и Албанија напред“, рече Бојко Борисов.
Петков во петокот вечерта изјави дека „лично не го ни прочитал францускиот предлог“, а вчера убедуваше дека доколку нема одлука на парламентот, нема да донесе одлука за укинувањето на ветото за РСМ за почеток на преговорите за влез во ЕУ.







