Вечерва под мотото „Премногу е“, ВМРО-ДПМНЕ пред зградата на Владата во Скопје се одржува голем протест за промени во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Се очекува обраќање на лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски.
Главното барање на партијата се нови, предвремени парламентарни избори.
На булеварот „Илинден“ се собраа, според проценки на партијата околу 80.000 граѓани од целата држава, членови и симпатизери на најголемата опозициска партија…
Пред почетокот на протестот се одржа Отворено студио пред Владата, каде стана збор за надворешната, внатрешната политика, образованието и економијата.
„Она што се случува е заокружување на една авантура во која оваа власт влезе пред пет години со промената на името на државата и го отвори процесот на нејзиното обезличување така што ова е едно крешчендо што се случува во односите со Бугарија. Односно заокружување на еден процес кој почна со преспанскиот договор а треба да се заврши со договорот за добрососедство со Бугарија“ истакна поранешниот амбасадор и професор Звонимир Јанкуловски во Отвореното студио пред влада на Протестот за промени – Премногу е!.
Јанкуловски оцени дека власта не довела до ситуација на маѓепсан круг во надворешните односи и безалтернативност.










