И Секуловска удри по власта: Да ви ја имав младоста, да ви го немам умот

Новинарката на ТВ24 и платформата 25 Минути Билјана Секуловска со критички коментар на однесувањето на власта кон францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија.



Таа меѓу другото не може да разбере зошто владата тврди дека го нема видено наводниот предлог на Макрон досега и како за пет дена Ковачевски и министрите ќе решаваат за историско прашање за кое нема да можат да упатат забелешки.

,,А ако навистина оваа власт, оваа Влада нема претстава што е тој француски предлог, пак проблемот лежи во нив. Каде им се главите отидени, на што мислат кога не мислат, кога седат по конференции, панели, дискусии, форуми, по канцелариите, на средбите со Бугарите, на телефонските разговори со Макрон. Што прават, кога ништо не прават. Што работат, кога ништо не сработуваат. Да ви ја имав младоста, но не и паметот.

Најмал проблем е внесување на Бугарите во Уставот, иако навистина мора некој да објасни, каква стапица се крие зад тоа во иднина, затоа што за 3.504 Бугари во пописот, не вреди да се подигне пенкало, не па да се потпише нешто. Точно, разликата помеѓу големите лидери и обичните политичари е оние првите да носат храбри одлуки и да преземаат одговорност за нив. Затоа, потребни се гаранции за оценка на спроведување на сите овие барања на Бугарија- а тоа е премногу тешко, сеедно што можеби ќе биде ЕУ повикана за судија, затоа што во политиката е наивно да се смета на неутралност, праведност, чесност.

Ќе речете до Европа е. Ќе речете до Франција е. Сигурно ќе речете до Бугарија е. Не, до нас е. Што ние ќе прифатиме, а што ќе одбиеме. Ех, да ви ја имав младоста, но не и паметот”, пишува Секуловска.

Целата нејзина колумна на овој линк

https://25minuti.platform.mk/2022/06/18/%d0%b4%d0%b0-%d0%b2%d0%b8-%d1%98%d0%b0-%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d0%b2-%d0%bc%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0/