НМ: „Можно е членка на ЕУ да ја отфли новата предлог-рамка, дури и ако Бугарија и Македонија ја одобрат“

„Француските дипломати во Брисел одбиваат да кажат официјално дали предлогот објавен во бугарските и македонските медиуми е автентичен, јави дописничката на МИА од Брисел. Во текот на последните неколку дена повеќе документи беа објавени во Бугарија и Македонија, меѓу нив е новата преговарачка рамка, која ако биде прифатена од сите страни, би била усвоена на 23 јуни на Европскиот совет. Оваа рамка наводно ги интегрира француските предлози дадени во Софија, и за кои Скопје официјално вели дека не ги добил.“ – вели весникот „Нова Македонија“ во својата редакциска анализа со наслов „ЕУ ја ‘закопува главата во песок’ при спомување на францускиот предлог“.

„Нова Македонија“ пишува: „Во однос на овој наводен француски предлог, дипломатите од таа земја во Брисел велат дека не можат да ја потврдат неговата автентичност. Во другите земји членки на ЕУ – сличен молк за сега. Новата предлог-рамка треба да биде одобрена од сите 27 земји членки и од Македонија.“

„За содржината на предлогот, кој е објавен во медиумите, во Брисел никој не коментира и сите дипломати упатуваат кон нивните престолнини, каде што ќе се донесуваат одлуките на национално ниво дали оваа нова предлог-рамка е прифатлива. Не се исклучува можноста сама земја-членка на ЕУ да ја отфрли дури и ако Бугарија и Македонија ја одобрат“

„Од македонска страна исто така се повторува дека ништо од ова што циркулира не е потврдено, или официјално. За разлика од Португалија која застана зад својот предлог кога беше на чело на ЕУ, Франција ниту потврдува, ниту негира дека на маса има нова идеја за надминување на спорот со Бугарија и деблокирање на ЕУ процесот.“

„Во меѓувреме објавените документи на француското претседателство во македонската јавност, но и кај повеќемина дипломати во Брисел, предизвикаа загриженост. Иако во нацрт преговарачката рамка се признава македонскиот јазик без фусноти, структурата на рамката, и поточно таканаречениот Акциски План што Македонија би морала да го исполни ако биде усвоен документот, отвора бројни проблеми за познавачите на ЕУ процесите.“

„Панавачите на процесите стравуваат дека потенцирањето на деталите од овој Акциски План ќе и даде на Бугарија дополнителна можност, и оправдување, да го кочи процесот и ги вметнува своите барања надвор од она што е предвидено во законите и повелбите на ЕУ. Потенцирањето на правата на малцинствата во Акцискиот План претставува своевиден преседан во процесот на преговори, барем во поглед на формата. Содржински, Акцискиот План бара од Македонија да обезбеди заштита на малцинствата и заедниците, преку обезбедување недискриминација, борба против говор на омраза и образование, меѓу другото.“

Други дипломати тврдат дека и без потенцирањето на правата на малцинствата и Акцискиот План, Софија секако би успеала да го кочи процесот. Отворено е и прашањето за промена на Уставот за да се вклучат други заедници, што е резултат на притисокот на Софија, која бара да не започнат формално преговорите за членство додека Македонија не го смени Уставот и не ги додаде Бугарите.“

Интернет-врска до целата анализа:



https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/eu-ja-zakopuva-glavata-vo-pesok-pri-spomuvanje-na-francuskiot-predlog/