Кусогледоста на Американците е очигледна во сегашните околности. Понесени од желбата да и нанесат стратешки пораз на Русија, локалните елити (во САД) го зголемуваат влогот во ескалацијата на тензиите…Јасно е дека тоа е патот до директна воена конфронтација меѓу најголемите нуклеарни сили, исполнета со непредвидливи последици“, рече Антонов во изјава за магазинот „Њузвик“.
Амбасадорот вели дека не функционираат ниту плановите на САД за „гушење со санкции“.
„Непромисленото воведување ограничувања само ја влошува состојбата на американската економија. Односно, излегува дека во своето антируско лудило, Вашингтон е подготвен да си пука во нога и да танцува во исто време. Се чини апсурдно“, вели Антонов.
Во исто време, тој истакна дека напорите на САД „во никој случај нема да влијаат на решеноста на руските вооружени сили да ги извршуваат задачите поставени за време на специјалната воена операција за заштита на народот на Донбас“, како и да се постигне денацификација и демилитаризација на Украина.
Според него, Русија останува подготвена да преговара за безбедносните гаранции. „Се разбира, по завршувањето на специјалната воена операција, нивната содржина треба да се прилагоди на реалноста“, додаде тој.







