Прв случај на мајмунска сипаница во Србија!

Првиот пациент заразен со мајмунски сипаници во Србија е во изолација, хоспитализиран е, примил соодветна симптоматска терапија и се опоравува, изјави епидемиологот на белградскиот Завод за јавно здравје, Славица Марис.



Според неа, просечната инкубација трае од шест до 13 дена, се движи од пет до 21 ден, а болеста се карактеризира со зголемени лимфни жлезди.

Симптомите се температура, болки во мускулите, зглобовите, грбот, интензивна главоболка, а по пет дена има и осип.

„Кога на крајот тие осипи ќе се исушат, се формираат красти. Кога крастите ќе паднат и кожата ќе заздрави, се смета дека личноста повеќе не е заразна“, додаде таа.

Марис истакна дека вирусот на мајмунска сипаница не се пренесува така лесно од човек на човек. Во ендемските области, централна и западна Африка, вирусот најчесто се пренесува преку контакт со заразени животни.

Може да се пренесе и директно од човек на човек, но потребна е продолжена изложеност за да се пренесе инфекцијата, вели епидемиологот. Б92