Украинскиот претседател Володимир Зеленски виртуелно присуствуваше на технолошки саем во Париз, појавувајќи се како холограм.



Цитирајќи реплика од „Војна на ѕвездите“, тој им понуди на стотината присутни на саемот изјави дека Украина им нуди на технолошките компании уникатна прилика да ја обноват земјата во вид на целосна дигитална демократија.

„Невообичаено е претседателите или шефовите на влади да користат холограм за обраќање пред луѓе, но тоа не е единствениот аспект на ‘Star wars’ кој го спроведуваме во пракса. Ќе ја победиме и империјата“, изјави тој споредувајќи ги руските сили со негативците од серијалот „Војна на ѕвездите“

„Ниту една друга земја во светот нема да ви понуди таква прилика да користите најнапредни технологии на државно ниво. Тоа е експеримент и дигитална револуција како и модернизација на постојниот систем истовремено“, објасни Зеленски.