Британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател ја одобри екстрадицијата на основачот на Викиликс Џулијан Асанж во Соединетите држави за да се соочи со обвиненијата, објави Ројтерс.



Со ова се ближи крајот на долгогодишната правна сага.

Министерството за внатрешни работи појасни дека одлуката е донесена денеска по разгледување и од Магистративниот и од Врховниот суд, а Асанж го задржува правото на жалба во рок од 14 дена.

Асанж,сепак поднесе жалба до Врховниот суд на Лондон, кој мора да даде одобрение за да продолжи со предизвикот.

На крајот, тој можеби ќе сака да го однесе својот случај до британскиот Врховен суд. Меѓутоа, доколку неговата жалба биде одбиена, Асанж мора да биде екстрадиран во рок од 28 дена.

Со години, Асанж се обидуваше да избегне тужба во Соединетите држави поради наводите поврзани со објавувањето на огромен број доверливи документи пред повеќе од една деценија на Викиликс.

САД го бараат Асанж да му се суди за објавувањето на тајните воени документи на Викиликс за американските војни во Авганистан и Иракво 2010 година.

Тој може да биде осуден на 175 години затвор во САД.

Асанж живееше со години во амбасадата на Еквадор во Лондон, но Еквадор ја повлече својата одбрана и тој беше насилно отстранет од амбасадата и уапсен во април 2019 година.