На прес конференција на ,,Преспа форумот” премиерот Димитар Ковачевски упати сериозно обвинување кон официјална Софија за начинот на кој што го злоупотребува прашањето со Македонија.
Шефот на владата во Скопје вели дека владата и владеачката коалиција во Македонија ниту еднаш не го политизирала ниту инструментализирала спорот со Софија додека Бугарија тоа го прави постојано.
Ковачевски не прецизира кој точно во Софија го политизира и инструментализира прашањето за дневно политички цели но со оглед на тоа што за состојбата во Македонија зборува за однесување на владата логично е дека обвинувањата одат на сметка на неговиот колега Петков и неговите соработници во бугарската влада.
Без разлика дали неискусниот премиер изјавата ја дава свесно за да направи политички поени дома или ја дава непромислено тој допрва ќе треба да дообјаснува кон кого точно се упатени сериозните обвинувања кои од Бугарија речиси извесно ќе бидат протолкувани како мешање во внатрешните работи на соседот.
Обвинувањата на Ковачевски кон Софија од 3,30 во видеото
https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/1652664961800186/






