Бугарскиот претседател стави до знаење дека Бугарија мора да ја брани својата позиција вооднос на Македонија.



„Кабинетот мора да ги отфрли сите сомнежи дека може да се повлече од ветото за северна Македонија.

Радев, иако индиректно, остро го предупреди премиерот Петков – да не се откажува од националната позиција, во спротивно ќе има тешки последици. Затоа и Националното собрание и Бугарите треба да го знаат ставот на премиероткој идната недела заминува во Брисел.

„Тој не може да отстапи од рамката на Советодавниот совет за национална безбедност. Секој трик или обид за промена на националната позиција ќе има сериозни последици“, нагласи Румен Радев.

Тој остро ги критикуваше пратениците – и од владејачката трипартиска коалиција на ПП, БСП и ДБ, и од новоформираното мнозинство на ГЕРБ, ДПС, ИТН и Преродба, кои го сменија Никола Минчев

„Како и сите Бугари, јас со горчина го гледам распаѓањето на ова Народно собрание. Но, партиите мора да бидат свесни дека со овие калливи борби го дискредитираат целиот политички систем, дека бугарскиот парламент не е пазар.

„Но, двете страни ја убиваат надежта на Бугарите во политичката класа.Тие ја убиваат со својот говор, со своето однесување, со својот популизам и со збратимувањето на политичките противници во име на власта“, изјавил Радев.