Ковачевски призна дека ЕУ не го информирала што содржи ,,Францускиот предлог”

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска јавно призна дека тој воопшто не е информиран од страна на Брисел и Париз што содржи таканаречениот ,,Француски предлог” кој се координира во рамки на ЕУ и кој според него во Скопје би дошол дури откако ќе биде прифатен од сите членки.



Неговиот колега Петков предходно најави дека предлогот на Макрон ќе го достави до бугарското собрание каде Петков го загуби мнозинството.

Ковачевски на прес конференција по ,,Преспа форумот” рече дека откако сите земји на ЕУ ќе се усогласат со предлогот дури тогаш Македонија ќе го добие и ќе може да коментира.

За него нема ништо спорно што Македонија не учествува во предлогот ниту пак воопшто е информирана што содржи тој иако се работи за иднината и државните интереси на Македонија.

Ковачевски вели дека нема да биде прифатен предлогот доколку во него има штета за македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик и дека Скопје бара гаранции дека Бугарија нема да доставува нови барања во текот на преговорите за ЕУ.

Премиерот не ги коментираше медиумските извештаи според кои доколку Софија го крене ветото за Скопје Франција се обврзала да биде гарант дека Македонија ќе ги исполни сите бугарски барања меѓу кои има и позиции со кои се нарушува македонскиот национален идентитет.

Ковачевски не ги отфрли ниту информациите дека бугарските позиции ќе станат дел од преговарачката рамка за Македонија што на Софија и дава уште десетици други можности за вето во текот на преговорите за членство на Македонија

Изјавата на Ковачевски на овој линк

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1652664961800186&id=35947717416889