Бугарскиот професор Николај Овчаров, еден од членовите на бугарскиот „Националниот круг Македонија“ ја искритикува владата на премиерот Кироил Петков за „аматеризам и импровизации“ кои, според него, се неприфатливи во надворешна политика на Бугарија, особено на темата Македонија, која има свои длабоки проекции во самото бугарско општество.
Овчаров: Дракула имал резиденција во Бугарија
Според Овчаров, недозволиво е да се зборува за бугарското малцинство кај Вардар, како што стои во владините предлози. „Бугарија никогаш не го признала бугарското малцинство во РСМ.
Тој е и против идејата бугарската влада да го признае, според него, таканаречениот „македонски јазик“.
Затоа, душтвото „Македонија“ инсистира во ставот на Бугарија да се земе предвид мислењето на БАН дека македонскиот јазик е дијалектна форма на бугарскиот, како и да се запази формулацијата „службените јазици на двете земји според устави“, напишано во Договорот за соседство.






