Грчева: „Влез на Македонија во ЕУ – никогаш! Кој сака да гледа фатаморгана, нека оди во пустина!“

Претседателката на вонпарламентарната партија „Глас за Македонија и универзитетска професорка Солза Грчева иронично говори на својот фејсбук-профил за македонскиот стремеж да влезе во Европската Унија, користејќи асоцијации со „фатаморганата“ и „пустината“.

Во објавата на фејсбук Грчева пишува: „Франција, Германија, Италија и Романија инсистираат на брзо и безусловно доделување на кандидатски статус за Украина, на пат кон ЕУ (денешна изјава).“
„Истата Франција, истиот Макрон, кој практично измисли за нас методологија, за да не влеземе никогаш. Првото вето беше од него во 2019 година.“
„Сто пати реков јавно и ќе повторам: не вреди да се занимаваме со нив!“
„Кој сака да гледа фатаморгана, нека оди во пустина.“